Никола Мирчески најдобар фотограф

Ученикот Никола Мирчески од ОУ “Кирил и Методиј” од селото Подмол освои прва награда за фотографија на меѓународниот конкурс “Фотографија од мојот град” во Кикинда, организиран од Центарот за стручно образование на просветни работници на Србија. Успехот е плод на континуираното учество на училиштето на конкурсот каде лани го освои второто место. Училиштето од Подмол трета година учествува на конкурсот со стотина фотографии од 20 ученици. Наскоро училиштето, во соработка со партнер училиште од Стара Загора од Бугарија ќе реализира проект “Нашата креативност е начин да им помогнеме на другите”, кој ќе трае до март 2012 година.

Loading