Магична приказна

Расказ

Зората скришум се краде од прегратките на ноќта, за да го земе в пазуви блескавото сонце и да отрча прва да и го погали лицето на заспаната убавица. Зраците од сонцето полека се тркалаат по нејзиниот кревет, сакајќи со нивниот нежен допир да ја разбудат од сонот. Насетувајќи го овој џагор во собата како да се вознемири и веднаш скокна од постелата. Исплашена го разврти погледот на сите страни, мислејќи дека се случило нешто страшно, веднаш истрча на прозорецот. Гледајќи низ него, како во некоја волшебна бајка, ветерот играше танго со листовите во ритамот на црцорот на птиците, опиени од магичниот мирис на розите.

Несакајќи со своето присуство да ја уништи оваа прекрасна глетка, тивко се повлече во својата постела.

Зад превезот од немир и страв, оваа ранета срна тажно чекореше низ животот, во светот на арогантните погледи и завидливите насмевки. Во овој бал под маски несакајќи да биде ничија кукла во рацете на некој безмилосен ѕвер, мечтаеше да ги вкуси убавите плодови на животот.

Ни часовникот веќе не го мереше времето. Единствена сила која се бореше да го урне неспокојот од нејзините гради беа вербата и надежта, а само изгорениците на нејзиното тело оставија неизбришлива трага во живот и í влеаја итрина и мудрост да излезе од под урнатините на душата.

Итајќи низ животот, натоварена со мечти и планови, не ни помислуваше дека некој како со волшебно стапче може да и го маѓепса срцето.

Потребен беше само миг, сјајот во нивните очи и нежниот допир на дланките, како жар, кој вечно ќе тлее, да се закопа во нивните души.

Овие две гулабчиња маѓепсани од вошебството на љубовта, како опиени играа во ритамот на страста.

Се чинеше дека волшебната бајка од прозорецот, која некогаш ја гледаш и за која честопати сонувше, сега стана реалност.

Ивона Јованоска

Loading