ПРВАЧИЊАТА НАЈСРЕЌНИ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

Новата учебна година на првачињата им донесе многу радост и новини. Беа среќни бидејќи првпат зачекорија во училиштето, го слушнаа училишното ѕвонче и милозливиот глас на наставниците. А возбудени беа и нивните родители, бидејќи своите деца ги испраќаат во нов свет, дотогаш непознат за нив. Првачињата сега имаат нови другарчиња и тоа за нив претставува игра. Тука е и учителката, диригентот на нивното воспитување. Таа ќе ги внесе во светот на знаењето, ќе ги советува, ќе ги поучува и со песна дури ќе ги прекорува кога треба. Весели и задоволни го очекуваат секој нареден ден за другарување и нови мали авантури. Книгите со интересните содржини ќе ги примамат дечињата да ги засакаат и често да ги прелистуваат. Првото знаење е најважно за да пораснат во добри ученици.

Loading