Ивона и Стефан трети на купот на Македонија во танц

Ивона Нанческа и партнерот Стефан Ристески, членови на ТК “Темпо” беа трети и освоија бронза на купот на Македонија во латино американски и стандардни танци во Битола. Шестоодделенката и седмоодделенецот од ОУ “Кочо Рацин” покажаа дека умеат да танцуваат. Не помалку успех постигнаа и Елеонора Михајлоска, шестоодделенка во ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” и Јован Петрески од ОУ “Гоце Делчев”, освојувајќи го четвртото место во категоријата млади младинци. Танц двојката Мери Шукуроска и Веселин Трајкоски, ученици во трето одделение во ОУ “Гоце Делчев” и “Блаже Конески” се пласираа на четвртото место во категорија пионери.

Loading