Во ОУ “Добре Јованоски”
Млади готвачи, ученици од ОУ “Добре Јованоски”, им ги подарија своите кулинарски креации, зготвени своја работилница, на децата од градинката во Тризла. Учениците од 5-2 одд., обработувајќи песна, се инспирирале да направат готварска работилница. Заедно со наставничката Верче Чакмакоска, нивните мајки и баби разменија рецепти и приготвија торти, колачи, салати. Слатките и солените “трудови”, создадени со вештите раце на децата, помогнати од повозрасните, станаа вкусна храна за децата од градинката Тризла. Нема да ја завршат дружбата повозрасните од училиштето и помалите од градинката. Се носат со повеќе идеи да ја продлабочат соработката за да си помогат едни на други во откривањето на тајните на животот.