ОДЛИЧНИ ВО ИНФОРМАТИКА, ДУРИ И ВО ЖЕНСКИ ФУДБАЛ

Куп награди во сите сфери за ОУ Гоце Делчев

Учениците од ОУ “Гоце Делчев” можат заслужено да одат на летен распуст, затоа што покажаа дека се вредни и полни со знаења. Ем по наставните програми и содржини, ем на регионалните и државните натпревари. Едноставно освоија куп награди во сите сфери. Ги бидува за сé: за цртање, музика, математика, јазици, спорт… Специјални награди за ликовни творби и тоа на Меѓународен светски конкурс во Јапонија доби Магдалена Темелкоска, ученичка во осмолетка во V – в одд. На регионален натпревар по математика првото место го освои Инес Лесновска V – г одд. осмолетка и прво место Брајан Петкоски од В одд. деветолетка. Лесновска е прва на државниот натпревар по информатика со најдобар информатички проект. Второто место по информатика í припадна на Исидора Овезоска V г одд. осмолетка. На регионалниот натпревар по англиски “паднаа” две втори места и учество на натпревар од државен карактер. И на натпреварите организирани од Сојуз на здруженија за техничка култура, доминираа со знаење учениците од ОУ “Гоце Делчев”. Го зазедоа второто место, екипно. По метеорологија, поединечните награди отидоа во рацете на Кристина Тодороска. Таа беше прва на регионалниот и втора на државен натпревар. По применета биологија, прва на регионален натпревар беше Софија Шишеска, а на радиотехника – Ангела Кочоска. Ученикот Ѓорѓи Сиракоски, по агротехника, освои второ место, а по применета хемија, Јована Василеска беше трета. На Регионален натпревар во сообраќај, екипно беа најдобри учениците од ова училиште како и поединечно – голема екипа во состав Христина Атанасоска и Христијан Иванов. Прво место поединечно беше и малата екипа – Цветан Јошески и Теодора Наумоска. Во организација на Топ 10 Лајанс Клуб на натпревар во знаења по македонски, математика, англиски и информатика во најуспешните 10 ученици, четворица се од О.У “Гоце Делчев” – Инес Лесновска – V г, Мартина Темелкоска – VI , Марија Темелкоска – VII в, и Надица Бунеска – VII г. На регионалниот натпревар во хорови и оркестри, второ место зазеде училишниот хор, а пак оркестарот беше прв на државниот натпревар. На конкурсот за најдобра лична творба по повод месецот на книгата во Градската Библиотека ученикот Кирил Трајкоски освои второ место во категорија на ученици од прво до четврто одделение. Третоодделенката Бојана Кузманоска беше најдобар рецитатор во категорија до четврто одделение. На регионалниот натпревар во фудбал, женската екипа беше нај, а во атлетика на државен натпревар, второ место освои ученичката Фросина Вандевска – VII б одд.

 

Loading