ХЕПЕНИНГ ЗА ИЗБОРОТ НАЈ … НА ПЛАДНЕ

Денеска на камената сцена

Се оконча изборот на нај ученик, нај наставник, нај одделение и нај училиште. Полното сандаче се испразни и се преброија илјадниците гласови за стотиците кандидати. Учениците од ОУ “Гоце Делчев”, ланското нај училиште годинава, им подарруваат на децата и на граѓаните китка програма, како домаќини на доделувањето на признанијата денеска во 12 часот на камената сцена на плоштадот Александрија. Ќе се лиже сладолед како подарок од Милина. Еве ги номинациите од кои ќе излезат нај ученикот, нај наставникот, нај одделението и нај училиштето. Ќе доделиме и признание за нај гласач, кој го преполнил нашето сандаче со имиња и комплименти.

Во категоријата нај ученик номинирани се:

– од ОУ “Кочо Рацин” – Божидар Стеваноски, VIII a, Младен Настески, VIII a и Михаела Кебакоска, VIII б .

– од ОУ “Кл. Охридски” – Искра Белческа, V -1 , Ивана Петреска, VII – и Искра Чупетреска V -1.

– од ОУ “Гоце Делчев” – Инес Лесноска, V – г, Андријана Димовска, VIII – д, и Ѓорѓи Сиракоски, VIII –

– од ОУ “Блаже Конески” – Стефан Ристески, VIII- 4, Јовица Маркоски, VIII – 3, и Марија Катушева, V – 1

– од ОУ “Кире Гаврилсоки – Јане” – Теодора Цветаноска, VIII – б, Сандра Николоска, VIII – б и Давид Јакимов, VII – в

– од ОУ “Рампо Левката” – Марија Блашкоска, VIII – б, Бојан Јорданоски, VIII – в и Елена Стојковска

– од ОУ “Добре Јованоски” – Ајџан Маликоска, VIII – г, Елена Мојсоска – IV – 1 и Ивона Димоска, II – 2.

Во категоријата нај наставник, кандидатури од своите ученици добија:

– од ОУ “Кочо Рацин” Сузана Темелкоска, Велимир Котески и Звонко Мирчески.

– од ОУ “Кл. Охридски” Ленче Вренцоска, Лидија Карапееска и Цветан Волчески.

– од ОУ “Блаже Конески” Ицко Ефтимоски, Весна Црвенкоска и Бранко Бабаноски.

– од ОУ “Гоце Делчев” Љупчо Мирчески, Виолета Угриноска и Цвете Димитриоска.

– од ОУ “Добре Јованоски” Емилија Богданоска – Трифуноска, Соња Седлоска и Светлана Петкоска.

– од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” Габриела Јосифоска – Димеска, Вера Илиоска иПетра Цуцулоска.

– од ОУ “Рампо Левката” Весна Трајкоска, Тања Илиеска и Чона Макеска.

За нај одделение најмногу номинации добијаа VIII – a, ОУ “Кочо Рацин”, V – g, ОУ “Гоце Делчев”, VIII – г, ОУ “Рампо Левката”, VIII – г, ОУ “Добре Јованоски”, VIII – б, ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, V – 1, ОУ “Кл.Охридски” и VIII – 3, ОУ “Блаже Конески”.

Loading