ПРИЈАТНО Е ДА БИДЕШ САКАН

Христијан Тодороски – прилепскиот учесник на “Македонскиот идол”

Стотина пропуштени повици дневно

Шест – седум ученици од ОУ “Гоце Делчев” имаа задоволство да се дружат еден час со прилепскиот учесник на “Македонскиот идол” – Христијан Тодороски. На “блиската средба”, го растресија “нашиот мега талент” за впечатоците од учеството и стекнатата популарност, необичните настапи и дарбата за пеење. Христијан успеа, меѓу неколкуте стотици, учесници на изборот на “…идол” да стигне до седмата висока позиција, со природниот ген за пеење. Христијан не се покажа арогантен, туку љубезен за одговор на неколку прашања на учениците.

Кога се појави желба за музика?

– Желбата за музика ми се јави од мали нозе. Потекнувам од музичка фамилија. Од дете покажав голем интерес за ударни инструменти.

По испаднувањето од “…идол”, ќе продолжите ли да пливате во музичките води?

– Ќе ја продолжам кариерата со пеењето. Се надевам дека до крајот на годинава ќе излезе мојот прв сингл.

Која од девојките од “… идол” најмногу ти се допадна?

– Немаше некој посебно, но ако би избирал, би ги избрал Јана и Билјана.

Колку се подготвуваше за настапите?

– Се подготвував два – три часа во студиото на Валентино.

Дали сега ги следиш гала вечерите и каква е твојата прогноза за првиот македонски идол?

– Следам, но не можам да типувам кој ќе биде победник. Излегоа порано фаворитите. Со задоволство би го избрал Мики.

Како ти звучеа коментарите на жирито?

– Значајни беа, но не во преголема мерка, бидејќи најдобро се познавам себеси.

Дали ти пречи популарноста?

– Славата по малку ми пречи, но умеам и да уживам во популарноста. Им посакувам на сите да станат славни, бидејќи прекрасно е чувството луѓето да те сакаат.

Дали телефонот сега постојано ѕвони?

– Се раскости телефонот од ѕвонење . Еднаш имав 118 пропуштени повици.

Добиваш љубовни пораки?

– Добивам љубовни пораки постојано и од личности кои ги познавам и од непознати.

Со кој од кандидатите беше во најдобри односи?

– Со сите имав добри односи, особено со Мики.

Што претставува “…идол” за тебе?

“… идол” претставува натпревар, на кој секој се пријавува да победи.

Зошто излеговте од “…идол”?

– Вистинската причина за излегувањето беше недоволниот број на гласови.

Интервјуто го направија учениците од ОУ “Гоце Делчев” во соработка со на наставничката Виолета Угриноска и директорот Трајче Каралиоски.

Loading