ДЕЦАТА ЗНААТ ДА ГИ ОДРЖУВААТ ЗАБИТЕ

Децата од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” редовно ги мијат забите. Знаат дека треба да ги тријат забите со четкичка и паста за заби после секое јадење, наутро, после ручек и вечера. И не само тоа. Децата од второ одделение, со помош на стоматологот Велика Апостолоска, научиле малку медицина. Цртале запчиња, со коронка, врат и корен, и вежбале на тест да се види колку научиле за одржувањето на забите здрави. Научиле дека забите служат за џвакање и за зборување. Докторката Апостолоска работи на превентивата со контроли и создава здравствена култура за спречување на расипувањето на забите на децата. И тоа не само во ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Таа вели дека децата знаат дека е потребно да се мијат забите после јадење. Тоа го потврдиле едноставните контроли и кусите предавања, проследени со цртежи. Тестовите по селата и покажале дека помалку се знае што треба да се прави да се има полна уста трајни, здрави и бели заби. Но, со тестовите и часовите, второодделениците стекнале нови сознанија.

Loading