ПРВ МЕЃУ МЛАДИТЕ ДОКТОРИ И МЕДИЦИНАРИ

Прилепчанецот Вангел Здравески, студент во четврта година при Медицинскиот факултет во Скопје освои прва награда на 34-от интернационален научен конгрес на млади медицинари и доктори во Охрид. Научните трудови на тема “Dillemas in the threatment of acute myocardial infarction (STEMI) with two culprit vessels”, работен под менторство на Проф. др. Сашко Кедев и Асс. др. Игор Спироски, и “Везикоуретрален рефлукс дијагностициран при радиоизотопско испитување на бубрежната функција”, под менторство на Асс. др. Невена Ристевска ја добија првата награда, а Вангел Здравески како автор на трудовите ја прими наградата. Науката бара доста време и “жртви”, но вреди да се совладаат тајните на медицината, зошто е потребно е да се покрени здравствениот систем, барем на неколку скалила погоре, а пациентите да бидат во прв план – вели Здравески.

Loading