ВЕЛОСИПЕДИСТИ СО МЕДАЛИ

Екипите од Гимназијата “Мирче Ацев” и ОУ “Гоце Делчев” беа најуспешни на регионалните натпревари “Сообраќајно – техничка култура на младите” и “Детски семафор”. Тие покажаа најдобри знаења и најумешни возења со велосипед и моторцикл. Поединечно најдобри беа Денко Манчески, Мартин Димитриовски и Бобан Глигороски. На 27 мај ќе треба да го потврдат вештото возење и теоретското знаење на државниот натпревар во сообраќај во Скопје. Во мегувреме, ќе тренираат со наставниците Гоце Ѓорѓиоски и Михајло Велкоски.

Loading