ИСТОРИСКИ УСПЕХ

Фудбал: 11 Октомври прволигаш

Клубот првпат е претставник на градот во елитното друштво

Со Немаше, триумф над гостиварска Ринија (1-1) дома, туку реми беше доволно 11 Октомври да стане прволигаш. Успехот е историски за клубот кој постои седум децении. Во минатото бил сенка на Победа, а сега ја презема улогата и е претставник на градот во елитното друштво. Убав е изгледот на табелата, на две кола пред крајот. Води 11 Октомври со 51 бода, пред Охрид 2004 со 50. Преостанува борбата за пехарот, но и без тоа, најважното е реализирано. По згаснувањето на Победа, 11 Октомври веднаш ги лечи раните. Само една година најфудбалскиот град беше без прволигашки фудбал. Од есен се мечевите со шампионот Работнички, Шкендија, Металург, Ренова… Звучните имиња, Вардар и Пелистер се второлигаши, а 11 Октомври ранг погоре, но тоа не треба да чуди. Признаваат и од метрополата. Се пишува дека клуб со спонзорот Витаминка, кој вложил 30 илјади евра во санација на теренот од стадионот “Гоце Делчев, сигурно има стратегија и големи амбиции во иднина. Секако се алудира дека следна цел е Европа. Според оценките, тимот на Николче Здравески, засилен со четири – пет квалитетни играчи, може да се вклучи во борбата за првите места на прволигашката табела. За прволигашките планови има време по летниот одмор. Првин да се одигра професионално, по мерак на петте илјади навивачи. В недела е гостувањето на Влазерими во Кичево, а прославата на 29 мај, дома, со струшки Влазними.

Марија, најсреќна гледачка

Марија Лазаревиќ (14), ученичка во ОУ “Кире Гаврилоски” е најсреќната гледачка на мечот со Новаци (2-1), “уловена” од објективот во минатиот број на “Зенит”. Од ФК 11 Октомври и спонзорот “Елит кафе” ја наградуваат со убав чадор, кафе и чаша. Одбојкарка сум, но го сакам и фудбалот. Од срце навивам за 11 Октомври. Вреди да се “бега” од училиште. Играта ми се допаѓа, заслужи Прва лига. Омилен играч ми е Владимир Петрески – вели Марија. Подготвени се уште два пакета награди за најсреќните, во средата со Риниа и последната со Влазними.

Вторник финале Куп

Прилеп го доби финалето од купот, Тетекс – Металург. Се игра во вторник, на стадионот “Гоце Делчев”, во 16 часот. Се очекуваат полни трибини, како пред 11 години, кога се сретнаа Победа – Слога Југомагнат. Тогаш слеваа гостите со 0-6. Има што да се види. За Тетекс брани Павловиќ, а од играчите попознати се голгетерот Глигоровски и екс-репрезентативецот Захариевски. Кај Металург брани Ников, а “ѕвезди” се Кралевски, Миле Крстев, Начевски, Илијоски и прилепчанецот Александар Крстески.

Loading