ЛАТИНСКИ ТРИУМФ НА МАРИЈА ЈОРДАНОСКА

СОУ “Ѓорче Петров”

Латинскиот јазик меѓу средношколците најуспешено го владее 15 годишната Марија Јорданока од СОУ “Ѓорче Петров”. Дека таа сечи-печи латински, кој е основа на многу јазици потврда стаса со освоеното прво место на државниот натпревар во Скопје. Таа, со својата професорката Цветанка Стојаноска, која ја подготвуваше за државниот мегдан, успеа да “надзнае” петнаесетина конкуренти. Тоа го направила со повторување, или како што вели REPETICIA EST MATER STUDIORUM – или повторувањето е мајка на знаењето. Тестот не бил тежок, бидејќи од училиштето била наполнета со зборови, сентенции, граматички знаења и сé што е потребно за солидно познавање на јазикот, што се говори само во Ватикан. Го освоив првото место. Драго ми е, оти првпат се сретнав годинава со латинскиот јазик. Ми “легна”, ама не знам дали ќе продолжам на медицинскиот факултет, каде најмногу се користат латинските зборови. Познавањето е добредојдено и за општа култура. Во основата на многу интернационализми што се користат во секојдневието, се најдува латинскиот речник – вели Јорданоска. Професорката Стојаноска се гордее, оти открила кај Јорданоска дарба за впивање на латинските зборови. Се совладуваат само основите во прва година. Учениците постепено разбираат дека им е потребен, иако кај дел им оди малку потешко, оти се сретнуваат првпат. Им олеснуваме. Нужно е да се познава, бидејќи е потребен за стручни медицински изрази. Се учат сентенции, деклинации, коњугации… Малку се изучува јазикот во мединската струка во СОУ “Ѓорче Петров”. Тоа е содржината на програма. Латинскиот е темелна сите науки и јазици. Се користат многу латинизми, без да бидеме свесни – вели Стојаноска. За освоеното прво место владее радост не само кај Марија и професорката Стојаноска, туку и во целото училиште.

Loading