МАТУРАТА НА ПЛОШТАД

Средношколците веќе ја слават матурата. Излегоа од училниците и, со труби и тапани, со ора и чочеци, го одбележуваат полнолетството на ачик на сите граѓани. Тоа е младост. “Лудуваат” 18 годишните матуранти, оти окончале дел од патот кон професионалниот ангажман. Некои ќе го продолжат школувањето на универзитетите, а други ќе го впаричат знаењето, ќе го покажат во праксата со преселба во производствените хали. Како и да е, мај е време на матурски прослави по рестораните. Традицијата не се напушта. Во овој период слават и поранешните матуранти. Но, тие 10, 20, 30, па и 40 години од матурирањето. Поскромни се од нивните деца, но сакаат да ја турнат прашината од младешките денови во средби со школските.

Loading