ИЗБОР НА НАЈ НА КАМЕНАТА СЦЕНА

В петок

Се оконча изборот на нај ученик, нај наставник, нај одделение и на училиште. Полно е сандачето со предлози со комплименти за вашето другарче, вашето одделение, за вашиот наставник или училиште. Затоа, петок на пладне ќе го извршиме изборот официјално на камената сцена во центарот на градот под отворено небо. Очекуваме сонцето да ја направи приредбата попријатна. Годинава домаќин ќе биде ОУ “Гоце Делев”. Учениците и наставниците ќе подготват пригодна програма како наш лански избор за нај училиште. Со песни и танци, ќе ги прогласиме најдобрите и ќе окончаме уште една успешна манифестација. Учениците и наставниците од сите ОУ пожелно е да бидат дел од забавата, зашто не се исклучени и изненадувања од Зенит.

Loading