ГРСТ НАГРАДИ ЗА ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ

Гимназијалците редат само успеси. Речиси од сите натпревари се враќаат со награди. Последната ја освои хорот под диригентство на професорот по музика Тања Иваноска. Од државниот натпревар во Кавадарци се врати со две – прва награда за најдобар хор во Македонија и специјална награда за најголем училишен хор во земјата. Тоа е потврда за залагањето и на професорите и на учениците. Со награда од државниот натпревар во физика во Гевгелија се врати и матурантот Ице Ѓуманделоски. Махер е во решавањето задачи по физика. Избори учество на меѓународен натпревар. Со професорката Ана Велјаноска очекувааат пак признание.

Loading