МАНДОЛИНИТЕ НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ ВТОРИ ВО МАКЕДОНИЈА

Мандолинскиот оркестар од ОУ “Блаже Конески” го освои второто место на државниот натпревар на оркестри во конкуренција од 25 основни училишта. Учениците, предводени од наставничката по музика Марија Неделкоска, успехот го постигнаа благодарение на континуираното вежбање и љубовта кон жичаниот инструмент, развиени со посебен сенс. Второто место го делеа со оркестарот од ОУ “Гоце Делчев”. Во категоријата на хармоникашки оркестри, најдобри беа хармоникашите од ОУ “Кочо Рацин”. Државниот натпревар беше во организација на Бирото за развој, а на иницијатива на м-р Анкица Витанова, советникот за музичко образование и на Славјанка Димова, претседател на Здружението на музички педагози. Оркестарот на мандолини од ОУ “Блаже Конески” ќе настапи на 18 мај на детските смотри.

Loading