ЈАЗИЧЕН МЕЧ

ЈАЗИЧЕН МЕЧ

Квиз на тема “Говориме, пишуваме македонски”, организираа Младинската мултикултурна заедница во соработка со локалната самоуправа за денот на кодификацијата на македонската азбука и правопис. Учествуваа четиричлени екипи од петте средни училишта. Преку интересно конципирани игри, учесниците го проверуваа стекнатото знаење, а комисијата, составена од професори по македонски јазик и литература, изрази задоволство од нивото на познавање на јазикот. Победи С.О.У. “Кузман Јосифоски – Питу”, веднаш зад него С.О.У “Ѓорче Петров”, а третото место го зазеде гимназијата “Мирче Ацев”. Учесниците добија благодарници, а училиштето – победник доби плакета. Петти мај е значаен датум во историјата на македонскиот јазик и историја, бидеќи пред 66 години се поставени стандардите на нашиот јазик.

Loading