КРАЈ НА ЕТНИЧКАТА ДИСКРИМИНАЦИЈА

“Прирачник за спречување и заштита од дискриминација”, кој го изработил Министерството за образование и наука во соработка со Национален ромски центар од Куманово, а со финансиска поддршка на Ромскиот образовен фонд од Будимпешта, беше презентиран пред преставници од образовните институции. Публикацијата ќе го подобри образовниот процес. Прилеп е актиен во подобрувањето на условите за учење, посебно во ОУ “Добре Јованоски”, каде учат деца од македонска и ромска националност. Таму се инвестирани десетина милиони денари – рече Марјан Ристески, градоначалник. Речиси нема ромски незапишани деца во прво одделение и во средните училишта.

Loading