ТЕЧЕ ИЗБОРОТ ЗА НАЈ… ГЛАСАЈТЕ

Во тек е изборот за НАЈ ученик, наставник, одделение и училиште. Веќе пристигнуваат предлози и гласови на нашата е-маил адреса. редложете ученик, наставник и одделение од вашето училиште со кусо образложение зошто токму за него гласавте. НАЈ ученик нека биде највредниот, оној што навистина учи и знае, има авторитет кај соучениците и наставниците, знае да другарува и умее секому да подари добар збор и насмевка. НАЈ наставник би требалода биде оној чии предавања се секогаш интересни, наставник кој е другар со учениците, знае да се шегува и да ги почитув учениците. НАЈ одделение нека биде она кое е пример за целото училиште, каде царува слогата и другарството, а знаењето е на прво место. Училиштето кое во текот на цлата година има бројни активности и успеси и чии вработени се грижат за доброто на учениците нека биде НАЈ УЧИЛИШТЕ. Епитетот НАЈ ќе го понесе ученикот, наставникот, одделението и училиштето кое ќе добие најмногу гласови преку електронската пошта. Гласајте на добро познатата адреса: [email protected]. Рокот до кога можете да гласате е 15 мај.

Loading