НЕМЕНЛИВИ ГАТАНКИ ВО 2-1 одд

Во ОУ ,,Кире Гаврилоски – Јане,,

Сакајќи да се навратам на спомените и моментите поминати во основно училиште го посетив ,,моето,, училиште каде осум години растев, другарував, учев и се натпреварував. Го посетив одделението, во кое предава мојата наставничка од прво до четврто, Розита Кареска. Ја видов нејзината насмевка, ја почувствував нејзината топлина од која ги впивав мајчинските зборови. Се потсетив на зборовите на охрабрување, на зборовите со кои бевме посилни, истрајни, непокорливи, силни, успешни. Атмосверата, која пред неколку години ми беше секојдневие, постои и сега. Но, на клупите не сум со моите другари, туку други деца, но со годините кои и ги имав, со истите желби, со невини детски насмевки. Во 2-1 одделение учеа гатанки. Интересно им е, оти располагаат и со видео бим, преку кој наставничката им презентира, имаат компјутери да им биде позабавно учењето. Радосни беа што имаат гости и со душа чекаа да ни постават гатанки за да не ,,уловат,, во незнаење:

Глорија: Од внатре е бел, а од надвор црвен. Кој го слече, солзи лее – кромид

Сара: Отвори ја – зборува, затвори ја- молчи – книга

Даниел: Ѕид, ѕидосан, вар, варосан, нигде ѕирка ни проѕирка – јајце.

Марија: Голем е и дебел, кога оди цела Земја се тресе – слон

Дора: Мала е, а цел свет го облекува – игла

Открија дека подготвуваат точка за програмата за патрониот празник.

Loading