СТАРТ НА СМОТРИТЕ

Со вечерната програма на О.У. ,,Гоце Делчев,, во вторникот започнаа училишните смотри. Се изведуваа неколку композиции на мандолинскиот оркестар, следеше училишниот хор кој ја разнежни публиката. Во продолжението се рецитираа лични творби, рецитали, музички, балетски точки… Воочлива беше креативноста. Се потрудиле, и децата и наставниците. на публиката да и прикажат попривлечни содржини. До крајот на мај сите основни училишта ќе бидат дел од училишните смотри. Оваа манивестација со долга традиција, продолжува да се негува и да се развива со оригинални изведби.

Loading