РЕЦИТАЦИИ ВО ЧЕСТ НА ПАТРОНОТ

За патрониот празник на О.У. ,,Гоце Делчев,, имаше рецитарорска ,,трка,,. Учествуваа сите основни училишта. Директорот Трајче Каралиоски во поздравот рече дека сите се најдобри. Најважно е дружењето и проширувањето на пријателствата – порача Каралиоски. Се разлеваа стихови за Делчев од грлата на младите рецитатори. Се редеа стихови со голема љубов, восхит во поетски занес. Натпреварот се потпре на максимата од Гоце Делчев дека ,,светот е поле за културен натпревар меѓу луѓето,,. Отскокнуваше рецитаторската изведба на Сара Шошеска од О.У. ,,Рампо Левката,, која првото место го сподели со Стефанија Стефаноска од О.У. ,,Гоце Делчев,, , а второто место го освои Марија Колевска. Во втората категорија од петто до осмо одделение со прва награда се закитија Кристина Груеска од О.У. ,,Страшо Пинџур,, од Мало Коњари и Сара Вузеска од основното училиште ,,Круме Волнароски,, од Тополчани. Двете втори места отидоа во рацете на Марио Нанески и Ангела Митрeска од училиштето домаќин, а третото место припадна на Стефанија Ацеска од О.У. ,,Кире Гаврилоски – Јане,,. Натпреварот е единствен и е втор по ред. Организаторот, наставничката по македонски јазик Виолета Угриноска, е задоволна.

Loading