ПРИЛЕП НИЗ ГРАФИКИ

,,Прилеп низ графики,, е насловена групната изложба на учениците од графичката насока при С.О.У. ,,Ристе Ристески- Ричко,, поставена во ЦК ,,Марко Цепенков,,. Претставени се шеесетина графики од учениците од прва и втора година: Кристијан Јованоски, Љупчо Дамчески, Филип Мирчески, Ксенија Деспотоска, Бобан Димоски, Андриано Чолакоски, Мартин Милкоски, Христијан Цветкоски, Ангела Конеска, Сандра Дурланова, Илина Василеска, Елена Ристеска, Елеонора Бошкоска и Маринела Мирческа. Тие твореле во туш, јаглен, лавиран туш, акварел, темпера и техниките вектор и растер, искажувајќи ја љубовта кон родниот град. Делата се плод на подолг ангажман со професорот Тони Палачаров. Сите очекуваат изложбата да стане традиција.

Loading