САЕМ НА ВИРТУЕЛНИ КОМПАНИИ

Во практичната настава за 4 година, од профилите економски техничар и техничар за трговија и маркетинг, веќе неколку години во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” опстојуваат виртуелните училишни компании. Тоа е иновативна наставна метода и доста интересна форма за учење. Всушност е модел на реално трговско друштво, во која се создаваат ситуации од кои учениците учат, стекнуваат практични знаења и умеења, добиваат потребни компетенции и го градат својот претприемнички дух. Накусо, теоријата се практикува и применува. Училишната компанија ги стимулира процесите во реално трговско друштво, што опфаќа основање, регистрирање, отворање на жиро сметка, селекција на кадри, тргувања на виртуелниот пазар со други училишни компании итн. Кулминација претставува саемот, “Денот на училишни компании”, кој третпат ќе се одржи во нашиот град денеска. Свои штандови изложуваат виртуелните компании од Прилеп со учениците од 4 година, со цел да ги прикажат стекнатите знаења и вештини во образовниот процес. Учениците самостојно се подготвуваа за саемот, покажувајќи ја својата креативност преку подготовката на штандот и преку изработка на документи и рекламни материјали, постери, флаери, каталози, визит карти итн. Училишните компании од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” досега учествувале на повеќе национални и меѓународни саеми, како што беше во Салзбург, Австрија, Будва, Црна Гора, Сараево, Босна и Херцеговина.

Loading