11 ОКТОМВРИ ГО УДАВИ ОХРИД

Фудбал: Отворена прволигашка врата, по триумфот над Охрид

Победи до крај применетата тактика

Разиграниот 11 Октомври го доби клучниот второлигашки меч, дербито на гости кај Охрид 2004 со 1-2. На стадионот “Атина Бојаџи” триумфираше одлично замислената тактика од стручниот штаб на Николче Здравески, до крај спроведена од сите играчи. Дотогашниот лидер на табелата, не можеше да “дише”. Беше “задавен” од прилепчани. Цела недела се подготвуавме. Ги гледавме неколкупати, а во фокусот беше мечот со Тиквеш. Забележавме слабости во нивната игра. И тука ги разбивме. Напаѓачот Благоја Гешоски не можеа да го задржат, им бегаше. Даде гол, асистираше, изнуди пенал за 0-2 преку Благојче Рутески – резимираат во клубот. Добро е што се двајца искусни “пеналџии”. Рутески реализира во Охрид, а претходно Мегленски со Тиквеш. Во нападот досега најопасен беше Владимир Мојсовски, сега проработи Гешоски, заслужен за гостинските победи над Еуромилк и Охрид. Не треба да се заборави челичната одбрана. Стоперите Филип Мирчески и Владо Данилов беа бедем. Голгетерот Клечкароски не се виде, двапати не ја допре топката. Нически имаше бледо издание. Мотивирачки делуваа заканите дека ќе ни дадат пет гола. Излеговме во посилни – коментираат во 11 Октомври. Табелата е лична. Лидер е 11 Октомври со 44, втор Охрид со 42, трет Миравци со 37 бода. Преостануваат уште шест кола: на гости кај Дрита в недела, потоа со Охрид лоте и Влазерими, дома со Новаци, Риниа и Влазними. Реално е првото место и пехарот, но со нив нема оптоварување. Приоритет е пласманот во елитата. Следните две победи ќе се предвремен крај на задачата – првата лига – категоричен е голгетерот Мојсовски.

Охриѓани го признаа пораз

Меѓу 3000 гледачи во Охрид беа првите луѓе, поранешни репрезентативци, гледачи од околината, туристи. Своите ги бодреше и охридскиот градоначалник Александар Петрески. Домашните го признаа поразот. Бевме надиграни и заслужено загубивме од 11 Октомври. Преостанува да продолжиме со трката за прва лига – изјави Зоран Ѓорески, тренер на Охрид 2004.

Пионерите во Грција

Пионерската екипа на 11 Октомври отпатува во Катерини, Грција. на меѓународен турнир. Учествуваат екипи од балканските земји. Со тимот се тренерот Борче Ангелески – Влашето и координаторот Тони Наумоски. Екипата е пред влегување во финалето од Купот, по првиот полуфинален меч, дома, добиен со 3-1 над Ренова. Кадетите веќе го елиминираа Милано.

Loading