РАЧЕ СО ВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕ

Како се подготвуваат и го слават големиот христијански празник Велигден децата од македонска и ромска националност во О.У. “Добре Јованоски”. Изненадува сплотеноста на учениците од 2-6 одделението и поттикот на наставничката Каролина Николоска за меѓусебно другарување и помагање, без разлика на верската припадност. На час, низ рецитации, со голема радост и восхит, го најавуваа доаѓањето на големиот христијански празник. Дури и покажале креативност со цртежи и украсени велигденски јајца. И Македончињата и Ромчињата, со сјај во очите, со голема радост и среќа, го очекуваа Христовото Воскресение.

Назиф: За овој празник се вапцуваат јајца.

Марио: Цртаме цртежи, вапцуваме јајца, учиме и пишуваме песнички.

Елмедина: Најмногу сакам црвени јајца, зашто црвената е боја на љубовта, а љубов сакам да се шири низ целиот свет.

Ирина: Моето јајце го украсив со боите на мојата татковина, жолта и црвена.

Кевин: секој Велигден одам кај Мартин, а пак тој доаѓа на Бајрам.

Валентин, Сенада и Мартин поздравија со традиционалниот христијански поздрав: ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, ВИСТИНА ВОСКРЕСЕ.

Loading