ГЛЕДЛИВА И ИНТЕРЕСНА ПРЕТСТАВА

По премиерата на “Мангите пијат чај”

“Мангите пијат чај” по текст на Драгослав Михаиловиќ, во режија на Коле Ангеловски, е гледлива претстава за уживање, иако текстот е од пред 40 години. Режисерот Ангеловски успеал да направи привлечна сторија за животните судбини на луѓе, собрани во кафеана на железничка станица. Луѓето, мангите, пропаднати во општеството се податлива тема не само за режисерите, туку и за актерите. Тие успеваат со духовити и смешни пасажи да го задржат вниманието и да предизвикаат жалење на личностите. Играат Андон Јованоски, Зоран Иваноски, Владимир Ѓорѓијоски, Димко Вандески, Милан Секулоски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Најдо Тодески, Игор Трпче, Благоја Сприкоски – Џумерко, Трајче Иваноски, Наташа Наумоска, Марјан Чакмакоски, Виолета Чакарова и др. Сценографијата и костимите се на Илина Ангеловска, музиката на Томе Темелкоски.

Loading