“БУБАЧКИ” ВО ЉУБЉАНА

Кире Миладиноски со танц перформансот “Бубачки” настапи на фестивалот “Балканска танц платформа” во Љубљана, Словенија. Единствениот македонски танчер конкурираше меѓу 170 дела. “Бубачки” ја разработува проблематиката на дискриминираните групи во општеството. Бубачка од аспект на тоа дека сите бубачки се појавуваат само кога ќе ја изгаснете ламбата или во некои затскриени ќошиња и агли во запоставени простори и мрачни дупки – локали. Приказна е за еден човек со трансформација – вели Миладиноски, кој танцот го изведе во Атина и во Скопје. И публиката во Драч, Роверто, Севилја, Лондон ќе има прилика да го проследи необичниот танц . Асистентката Викторија Илиоска ќе танцува на 25-от фестивал “Перформанс МИЏ” во Њујорк. Таа студира на Музичката академија.

Loading