ДЕТСКИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПАНАЃУР

ОУ “Блаже Конески” ораганизира велигденско училишно другарување на плоштадот Александрија и спроведе вежби за зајакнување на капацитетите на училишните одбори од проектот од УСАИД. Децата на очиглед и за продажба за граѓаните ги ставија сопствените ракотворби под отворено небо. Средствата ќе ги употребат за партерно уредување на училишниот двор и на подрачното училиште во Варош. Манифестацијата е дел од проектот “Зајакнување на капацитетите на училишните одбори”, која има за цел да ја продлабочи соработката меѓу родителите, училиштето и заедницата.

Loading