МЕГДАН НА УЧИЛИШНИ ХОРОВИ

Хоровите од ОУ “Кочо Рацин” и од ОУ “Блаже Конески” се пласираа за државен натпревар. Во силната конкуренција, мешаниот оркестар од “Кочо Рацин” го освои првото место, а мандолинските оркестри на “Гоце Делчев” и “Блаже Конески” го делеа првото место. Ова се најдобрите хорови, мандолински и мешани оркестри кои ќе го претставуваат регионов на државно ниво. Хорот од гимназијата “Мирче Ацев” со 105 члена беше единствен претставник од средните училишта. Тој е традиционален учесник на најдобрите хорски изведби на државните натпревари. На регионалниот натпервар во ОУ “Гоце Делчев” учествуваа 9 хорови и 7 оркестри од основните училишта од Прилеп, Кривогаштани, Македонски Брод и Крушево.

Loading