ФАВОРИТИ ОД ХАРТИЈА НА ДЕЛО

Фудбал: Благојче Рутески, лев бек на 11 Октомври

Блиску сме до Прва лига – смета битолчанецот

Еден од клучните играчи пролетва во 11 Октомври е левиот бек, Благојче Рутески, забележителен во победата од 2-1 на дербито со Тиквеш. Според тренерот Николче Здравески, не само што ги затвора нападите на противниците, туку активен е и во нападот. Пробива странично и по средината, асистира, шутира од далечина… Целата екипа функционира. Подготовките дадоа плод. Не сме фаворити само на хартија, ами и на дело. Тиквеш го надигравме, со многу шанси. Требаше триумф со повеќе разлика, но се опуштивме и непотребно примивме гол за 2-1. Бодовите вредат, блиску сме до целта, пласман во прва лига – вели Рутески. Во 53 минута од бела точка реализира Мегленски, после со глава и Игор Мирчески. Најбитниот момент е 51 минута. Рутески, како невидлив човек низ ѕид, ја проби цела гостинската одбрана и излезе сам пред голманот Смилевски. Не преостануваше ништо, туку да фаулира за пенал. На 20 метри добив топка. Преостана пробив. Со малку среќа, излегов сам пред голманот. Голот беше неминовен, ако не ме фаулираше – смета Рутески. Следи уште едно дерби, в сабота кај лидерот Охрид 2004. Дуелот е практично на идните прволигаши. Охрид има 42, 11 Октомври 41 бод, Миравци и Тиквеш по 34. Нема оптоварување, може мирно да се одигра на “Билјанини извори”. Двете се добри екипи, не случајно водечки. Одиме на надигрување. Растоварени сме и се надеваме најмалку на бод. Тешко да примаме гол, а доколку дадеме, победуваме – заврши Рутески. Освен “поцрвенетиот” Дунимаглоски, сите се на располагање во тимот на 11 Октомври.

Охриѓани подготвуваат “фешта”

Охриѓани ја видоа најфудбалската публика и сакаат в сабота да приредат нешто слично. Спортскиот директор на Охрид 2004, Гоце Маркоски, поранешен играч на Победа, најавува спектакл. Најголем респект кон сите екипи од Прилеп. Порано Победа, сега 11 Октомври се чека со сите почести. Доаѓа рекордна публика, ќе има “фешта”. Подобриот нека победи – вели Маркоски. 11 Октомври загуби само двапати од Миравци и Беласица, а Охрид 2004 има три пораза: од Локомотива, 11 Октомври и Риниа.

Награда од Витаминка и 11 Октомври

ФК 11 Октомври и спонзорот Витаминка се заблагодаруваат за огромната посета и доделуваат награди на најсреќниот гледач на дербито со Тиквеш. На нашата фотографија е заокружен млад навивач на преполната северна трибина од стадионот “Г. Делчев”. Веруваме дека ќе се препознае и ќе се јави во редакцијата “Зенит” после вторник. Наградите се пакет прехранбени производи и чадор.

Loading