ГЛАВИТЕ ГОРЕ

Ракомет: Жито Прилеп пред наредните предизвици

Треба лидер во тимот, во најтешкото да ја сврти играта во своја полза

Во Жито Прилеп бргу се вратија во нормален колосек по загубеното дерби од Металург. Владее работната атмосфера. Се анулираат слабостите, особено во нападот и усовршуваат добрите страни во позициона одбрана. Продолжуваме со исто темпо. Претстојат нови предизвици. Го загубивме првенственото дерби, го чекаме купот. Металург е посилен, но не толку да не го изненадиме следниот пат, доколку функционираме како што треба – вели Ристо Магдинчев, тренерот. Сите се со главите горе, бидејќи остварено е многу оваа сезона. Второто место е успех, а има шанси за прв трофеј во купот. Актуелниот состав има обврски да се бори до крај и да извлече максимум. Знаеме на што сме. Треба лидер, ракометарка која во најтешкото може да ја сврти играта во наша полза. Не се назначува, туку самата се појавува во таква улога. Но, не се предаваме, затоа што купот е непредвидлив – смета Магдинчев. Во меѓувреме, продолжи првенството со победа во Струга над ФОН со 10 – 31. На табелата Металург има 69, Жито Прилеп 63, а третиот Вардар заостанува со 40 бода.

Утре куп во “Сонце”

Љубителите на ракометот в сабота во арена “Сонце” ќе можат да проследат две средби од Купот за жени. Прво во 11 часот, во осминафиналето Ж. Прилеп за противик го има Пехчево. Се очекува победа. Во четвртфиналето, во 16 часот е мечот со младинките на Металург. Екипата на Гевгелија го откажа учеството во групата.

Loading