ПЕСНА НИЗ ФОТОГРАФИЈА

Бранко Михајлоски е ученик во 8 – одделение во О.У. “Кочо Рацин”. Мерак му е слободното време да го “троши” во фотографијата. Овековечува сé што го опкружува. Го чува, го негува забележаниот момент да не го “изеде” времето, туку да остане да биде вечен сведок на една импресија. случка настан… Неговиот талент не останува незабелжан. Фотографиите направени со неговиот објектив, заслужија признание. На натпревар за фотографирање освои прво место. Му пораснаа амбициите. Сака ба биде професионален фотограф. Ако продолжи да ја надградува дарбата, сигурно е дека за скоро време ќе видиме некои фотографски бисери во креација на Бранко. Тоа не е сé со што го исполнува. Му лежи и музиката. Располага со глас и дарба за пеење. Затоа учествувал на повеќе музички манифестации. Покрај изведби на училишните смотри, ја збогатувал програмата со песните на радио и ТВ емисии за деца.

Loading