ЛИТЕРАТУРНО ЧИТАЊЕ ЗА ПАТРОНАТОТ

СОУ “Орде Чопела”

Доминираше литературното читање во одбележувањето на патрониот празник на СОУ Орде Чопела”. Професорите по македонски јазик поканиле гости од средните училишта да се прослави и на ваков начин годишнината од загинувањето на херојот Орде Чопела. Пред да им ги поделат наградите на младите литерати, домаќините почестиле со дел од продукцијата бели печива на учениците, замесени во училишната пекарница. А творбите покажа дека на многу ученици им претстојат изданија, оти со творештвото демонстрираа речиси поетски афинитети. На врвот се искачија Филип Димкоски од СОУ “Мирче Ацев “, освојувајќи го првото место, зад него беше Емилија Петкоска ОД СОУ “Кузмана Јосифоски – Питу”, а за трета позиција, жирито ја оцени поетската творба на Ангела Чавкоска од ОУ “Манчу Матак” од Кривогаштани.

Loading