ВИОЛА ЗА МЕЛЕМ НА УВО

Љупчо Трајаноски

Љупчо Трајаноски е млад надежен виолист. Четврта година е во музичкото училиште во Битола, во класата на професорот Никола Трајановски. Веќе се кити со признанија и реди одлични успеси. На државниот камерен натпревар по музика во Скопје освои втора награда. Се качи и на тронот за прва награда, учествувајќи во заедничкиот настап со оркестарот при музичкото училиште. Доаѓаат резултати, кога се свири одлично. Им легна изведбата на увото на жирито композициите од Глинка и од Хансит – вели младиот музичар. Виола свири десет години. Виолата ми прирасна за срцето. Се пронајдов и како да стана дел од мене – вели Трајаноски. Од музичка фамилија е, а омилени композитори му се Бах, Ванхау, Глинка, Николовски. Образованието сака да го продолжи на музичка академија.

Loading