ХУМАНИТАРЕН ФУДБАЛ И КОШАРКА

Младинските организации на СОУ “Мирче Ацев” и “Ѓорче Петров” на 18 и 19 април организираат натпревари во кошарка и фудбал во кои учество ќе земат сите средни училишта. Со тоа ќе се одбележува Европскиот ден на младинско информирање, 17 април. Манифестацијата има хуманитарен карактер. Насочена е на обезбедување помош за малата Наташа Николоска, која има само шест и пол години, но поради нејзината ретка болест, уште не оди и не зборува. Месечните давачки за лекови се 800 евра. Собраните средства од натпреварите ќе им се подарат на семејството – велат Даниел Матракоски, претседател на МО во СОУ “Ѓорче Петров” и Теодора Петреска, претседател на МО во СОУ ‘Мирче Ацев”. Натпреварите ќе започнат во 10ч. во спортската арена Сонце.