ПРЕДАВАЊЕ ЗА ЗДРАВИ ЛИЧНОСТИ

Младинскиот информативен и советодавен центар ги едуцира младите од средните училишта со различни теми. Тимот на центарот имаше предавање за превенција од сида и сексуално преносливи болести. Дел од младите следеа предавање за опасностите и штетни последици од алкохолот. Неодамна разговараа за ризиците и последиците од дрогата и цигарите, но и за демократијата и човековото право. Преку комуникација се едуцираат и им се укажуваат насоките за развивање на здрави и способни личности. Борче Војчески вели дека младите се најзаинтересирани за сексуално преносливите болести и последиците од алкохолот на 40-тината предавања посетени од околу 750 средношколци. Со средби и онлајн советување, младите добиваат помош и совет за нивните семејни, училишни и други проблеми. Мариче Тренеска, социјален работник, забележал дека се бараат одговори на младешките маки, но засега не се соочиле со посериозни проблеми. Центарот врши обуки и едукација за професионална определба. Организирале и курсеви по англиски и француски јазик, водени од странски предавачи. Информциите за образование во странство, стипендии, волонтирања, вработување, семинари во Македонија и во странство и т.н. се дел од задачите. Отпечатен е и информатор. Наскоро предавања ќе се оргнизираат и за основците.

Loading