КРЕАТИВНО СЛОБОДНО ВРЕМЕ

Во О.У. “Рампо Левката” учат многу вредни, умни и талентирани ученици. Еден од креативците, чие слободно време е преполнето, е Филип Касоски од 3б одделение. Можеби е еден од малкумината, но нему му лежи математиката. Махер е за решавањето задачи. Ич не му се товар проблемите. Напротив, решавањето му претставува задоволство. Меркалија е и за цртање и пишување раскази и песнички. Уметнички предизвик му се пролетта, природата, другарството… Песничките и цртежите веќе биле публикувани во списанијата за деца, па и во нашата Петка. Дел од времето го “арчи” во читање литература. Често се забележува во училишната и градската библиотека. Ужива во доживувањата на јунаците од книгите. Не ќе биде дете во дослух со времето, ако не направи кеф со некој игричка или контакти на интернет преку компјутерот. На часот за информатика, тој и е “лева рака” на наставничката Анета Мицеска. Го бидува и за спорт. Тренира карате. Му ја полнат душата и прошетките со дедо му по околината. Наоѓа време и за игра со другарчињата. Не можам да мирувам, бесполезно да го минувам времето. Сакам постојано да се занимавам со нешто. Здодевно е да се седи тукутака – рече Филип.

Loading