ДА НЕ ЛАЖЕМЕ – ВИСТИНАТА ДА ЈА КАЖЕМЕ

Денеска е први април, денот на шегата. За миг можеме да си дозволиме да заборавиме на секојдневните обврски шегувајќи се со најблиските и со другарите. Децата се тие што и кога лажат се искрени. Не умеат да скројат подли и злонамеерни лаги, туку само колку да се насмееме.       Дечињата од 1а одделение при О.У. “Рампо Левката” ги прашавме дали лажат, зошто лажат и дали е убаво да се лаже. Еве што одговорија.

Андреа: Не треба да лажеме, оти ќе ни се скусата нозете, а потоа наставничката Сузана Конеска и другарчињата ја надополнија со мудрата мисла – На лагата и се куси нозете.

Виктор: Ги лажам домашните и родителите само за први април за да се пошегувам. Потоа на своите другарчиња им рече: “Видете на таванот има бумбар, тие се свртеа а таму немаше ништо. Потоа следеше смеа.

Николче: Мачето ми сплети чорапи – и пак сите се смееа.

Фросина: Со приказната за едно овчарче, со наставничката заеднички извлековме поука дека не треба да се лаже: Овчарче имало стадо со овци. Им свикало на селаните дека стадото му го нападнал волк. Тие му поверувале и отрчале за да му помогнат. Но,таму волк немало, а овците мирно си паселе. По неколку денови пак ги повикал селаните на помош, велејќи им дека дошол волк во трлото. Повторно му поверувале и отишле но таму немало волк. Тие се навредиле од неговата лага и си заминале дома. Еден ден навистина овците ги нападнал волк, но иако овчарчето побарало помош, никој не дошол да му помогне бидејќи мислеле дека ги лаже. Затоа да не лажеме бидејќи оние кои лажат ,никој не ги сака и во неволја никој не им помага.

Магдалена: На тие што лажат им расте носот како Пинокио. Затоа јас лажам само за Први април зашто тогаш ми простуваат.

Сите порачаа дека не треба да се лаже и секогаш треба вистината да се каже.

Loading