ЧУДАТА НА ДЕДОВИОТ АПАРАТ

Кирил Каракаш

Матурантот од гимназијата Кирил Каракаш е талентиран фотограф. Веќе е познат на пошироката јавност со креативни забележувања на секојдневието. Љубов кон фотографијата ја открил од мали нозе. Но сиот природен дар дошол до израз кога го наследил фотографскиот апарат на дедо му. Првиот контакт со публика на самостојна хуманитарна изложба во 2009 година. Потоа редел и нижел успеси и награди. Прогласен е за најдобар автор на конкурсот за фотографии организиран од веб порталот Кинг Марко Ланд. Добитник на првата награда бил категоријата фотографија и видео на проектот “Трка на таленти”, организиран од МТВ. Бил и организатор на хуманитарната изложба “Создаваме да помагаме”. Активене е и во рализацијата на проектот “Трговија со луѓе”. Меракот по сликите, го привлекол и подалеку, кај сликите што се движат, кај филмот. Веќе снимил три документарни филма – “Трагедијата на семејството Ртоски”, “Животот на дедо ми”, “Мирче Ацев – живот и дело” и единствениот игран филм “Пресудата”, за кој е награден со златна плакета на државниот фестивал за непрофесионалени филмои во 2010 година. Пролетва на публиката ќе и подари уште една претсва на своите нови фото творби. За малку години, веќе се закити со многу признанија. Неговиот око и објектив имаат уметнички погледи на светот.

Loading