ЗЕНИТ ПЕТКА НА FACEBOOK

Страницата ПЕТКА ги афирмира сите ученици и училишта. За поголема соработка и контакт, ПЕТКА има и свој профил на facebook. Сите ученици и наставници можат да предлагаат содржини, да соопштат што ги прави среќни и радосни што им носи тага и болка, да побараат утеха за невозвратената љубов, да ја отворат душата и да споделат и арно и лошо. Можат да побараат и соработка, да посакаат желбите да им се објават, како најинтересни теми за читање. Петка ги афирмира, поттикнува и ги промовира творците и талентите, креативците и надарените на сите полиња, од поезија, проза, уметност, шеги и финти, мајстори и техники, до трикови и вицеви. Испраќајте сé што сметате дека треба да го видат и прочитаат многумина, не само од вашата околина, од одделението, класот, од училиштето или домашните, од професорите или блиските. Животот го чинат мали нешта, поделени со сите. Животот е и фотографија од настани, збиднувања, мајтапи, чешитлаци, чамче муабети, необични забави, дружења, екскурзии, прошетки, излети. Заедно да го збогатиме нашиот дух и да создадеме културна вредност, кака достојни потомци на нашите предци. Е-маил адресите на Зенит Петка се: [email protected] и [email protected]

Loading