ДОЛЕТА ПРОЛЕТТА И КАЈ НАС

Иако првиот пролетен ден ни малку не личеше дека се менува едно гходишно студено време и доаѓа период на топлина, основците и средношколците ги засучија ракавите си плукнаа во рацете , земјаќи ги казмите, лопатите, мотиките и дуриите да го дадат својот придонес во акциите за почиста и позелена средина, предвидена за Денот на пролетта и екологијата 21 март. Во 3-3 одделение од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, вредните ученици со многу љубов и радост го уредуваа работниот простор, ја дотеруваа училницата. Наставничката Иванка засадуваше цвеќе во саксија со помош на децата. Сите трудољубиво суредуваа да ја дочекаат подготвени пролетта. Ги прашавме дали знаат што се одбележува и зошто треба да ја чуваме околината. Еве ги нивните одговори:

Марко: Ден на екологијата е.

Милан: И на пролетта.

Афродита: Треба да ја чуваме нашата околина за да бидеме здрави.

Марија: Чистиме, оти е денот на екологијата.

Стефан: Денот на екологијата е и ден на пролетта, и треба да се грижеме да ни биде убаво.

Тале: Треба да ни биде уредно за нашето здравје и за да ни биде убаво.

Благица: Денеска суредуваме да нема отпадоци и да ни биде чисто.

Ги прашавме зошто се весели, сите одговорија:

“Затоа што дојде пролетта и затоа што сега ќе можеме да одиме на прошетки, на екскурзии и да си играме со другарчињата”.

Радува климата во 3-3.

Loading