РАПЕРИТЕ НА ТИТАНИУМ ВТОРПАТ НА ЦД

После албумот “Вандализам”, кој излезе во 2008 година, новата збирка песни насловена “Проект 22” е втор креација на прилепската рап група Титаниум, чии членови се Петар Кузманоски – El Borracho (МС) и Христијан Ристески – Rick Beatz (продуцент). Промоцијата мина во пеколна атмосфера во кафетеријата Вирус. Зато веќе токмат ново издание. Ќе се ориентираат на компилација од рап – рок песни во соработка со “Тhe Whoops”. Второто наше музичко дело е попрофесионално изработено за разлика од дебито. Албумот легнува на сечии уши, бидејќи содржи песни за класичните фанови на хип-хоп, но и песни кои третираат социјални тематики – изјави Петар Кузманоски. Група веќе воспостави соработка со прилепски и македонски интерпретатори и бендови.

Loading