ОДБЕЛЕЖАН МЕСЕЦОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА

ОУ “Климент Охридски”

Секцијата по француски јазик при О.У. “Климент Охридски” за која одговорна е наставничката Ленче Вренцоска, активно работи со учениците со желба да потемелно да го совладаат францускиот јазик. Деновиве го одбележуваа месецот на франкофонијата – март. Учениците изработија катче со текстови на француски, проекти, цртежи… Членовите читаа и текст за франкофонијата, а одморите беа исполнети со звуците на француската музика. Инаку, франкофонија е француски израз што означува заедница на луѓе и држави што го користат францускиот јазик. Франкофонијата ја сочинуваат 56 земји меѓу кои и Македонија.

Loading