ИЗЛЕЗЕ “ГИМ” бр 33

Учениците вклучени во редакцијата на училишниот весник “Гим” при гимназијата “Мирче Ацев” успешно подготвија уште еден број. Весникот, кој излегува, како што стои, кога може, носи интересни разговори со професори, директорката и педагогот на училиштето. Потоа ја пренесува програмата за патрониот празник и успесите на учениците. Значајно место е одделено за проектните активности. Има простор и за статуси на Фејсбук, занимливости, вицеви и судоку. Уредник е професорот по македонски јазик и литература Емона Јованоска, а заменици се ученичките Ана Иваноска и Јулија Атанасовска, која се погрижи и за дизајнот.

Loading