АНДРЕЈ ВО ПЕТНИЦА

Андреј Богатиноски е ученик во прва година во гимназијата “Мирче Ацев”. Со презентација за астрономијата, тој учествуваше на научниот семинар во истражувачката станица Петница во Србија. Таму се организираат повеќе семинари од различни области. Вели дека прекрасно поминал, а од престојот стекнал големо искуство. Покрај одличниот успех и стремежот за изучување на астрономските појави, му лежат рецититациите. Член е на младинското драмско студио. Талените од “калибарот” на Андреј се надеж за креација на успешна иднина.

Loading