МАТЕМАТИЧКИ ЛОГИЧАРИ НА “КЕНГУР”

Учениците од 4-в кај учителката Лилјана Белистојаноска во ОУ “Кочо Рацин” најмногу сакаат да вежбаат математика. Играта на бројките им е занимлива. Таа им донесе четири награди на толку ученици. Филип Шуплиноски, Емилијан Боболески, Марија Неделкоска и Михаела Пешталеска, четвртооделенки се закитиле со признание за знаењето по математика. Интересно им е да решаваат задачи, оти биле логички, иако малку отстапувале од материјалот кој го учат. Решававме тестови. Бевме собрани во една училница сите натпреварувачи. Дипломите многу ни значат. Да се натпреваруваме беше наша желба – рекоа Марија и Михаела.

Loading