МАРТОВСКИ МАНИКИР И ПЕДИКИР

Елена Крстеска и Кристина Богданоска се ученички во СОУ “Ѓорче Петров”. Нивната убавина, знаење, младешка грациозност, дополнета со медицинско – козметичка професија, се убав повод за честит 8 Март. Чисти, дотерани како што доликува на училиште, дома и во чаршија, потсетуваат дека убавината е тајна на секоја жена. Елена и Кристина потсетија дека и преку ноктите се потврдува хигиената и здравјето на една личност. Важно е негувањето на ноктите со масла, потхранувањето со витамински препарати, одржувањето, обликување на кожичката околу ноктот, бришење на лакот и лак – шминката и сјајот на ноктите. Нечистотијата под ноктите и обликувањето со ноктари е мерило за здрав цврст нокт, кој ретко паѓа освен при некоја повреда. Не се крши, не пречи во работата и не предизвикува нервоза која може да се рефлектира со грицкање и зараза.

Loading