ПРИЛЕПЧАНКИ НА РАКОМЕТ ВО БИТОЛА НА МОИ

Ракометната “дамска” екипа на ОУ “Блаже Конески” составена од седмо и осмооделенци која тренира во салата Сонце, го освоила првото место на општинско ниво, организиран од општинската организација на училишни спортови. Го претставуваме градот и на регионалниот натпревар во Струга. Нетрпеливи сме. Подготвени сме за учество на Малите олимписки игри во Битола во организација на федерацијата на училишни спортови. Го потврдивме својот спортски дух со Оскарот за најуспешно училиште – рече Тони Наумоски, професор по физичко. Директорката Марија Дулевска рече дека со претседателот на ФУСМ Александар Туфекеџиски разговарале да се вложи во спортската сала, зашто во училиштето имало надарени деца за индивидуално и колективно докажување во спортски дисциплини. За талентите, училиштето организира бесплатни кампувања, во Крушево, Охрид и др , преку ФУСМАК и Агенција за млади и спорт.

Loading